Косовски Албанец во самоубиствен напад разнесе 52 војника

Блерим Демири од Урошевац учевствувал во самоубиствен напад на ирачката војска во кој загинаа 52 војници, пренесуваат приштинските медиуми напоменувајќи дека ова е прв граѓанин од Косово кој извршил ваков напад.

Веста за акцијата на Блерим Демири ја соопшти организацијата „ИСИФ“ на која Демири наводно е член, а  ја пренесе косовската телевизија „Кохавизион“ во емисијата „Интерактив“.

Демири на муслимански форум се идентификува под псевдонимот „Abu Khabab Al Kosovo”, пренесува „Кохавизион.“