Коста К. сакал да пишува книга за својот живот и за неговото злосторство за да заработи пари

Напаѓачот Коста К. кој уби девет ученици и чувар во своето осново училиште во Белград сакал да пишува книга за својот живот и да заработи пари. Тој слободното време го поминува читајќи книги кои му ги оставила мајка му и така ја добил идејата да пишува.

– Книгата што ќе ја напишам ќе опише сѐ што се случило во мојот живот! Велат дека сум император и оваа книга ќе ги интересира сите тие луѓе, а јас ќе заработам милиони затоа што луѓето ме сакаат! Зошто да не знаете сè? Толку добро ќе ја напишам што на сите ќе им биде интересно – рекло момчето.

Извор за порталот „Република“ вели дека момчето е опседнато да го опише злосторството:

– Постојано зборува за пишување книга за неговиот живот од раното детство до денес. Повторува дека тоа ќе биде дело од големи размери. И дека детално ќе ги наведе причините кои го навеле да се заложи за тоа што го направи во своето училиште, како и за тоа како го планирал и како го реализирал – објаснува изворот.

Неодамна адвокатот и пратеник Тома Фила изјави дека Коста К. би можел и да биде пуштен дома ако лекарското вештачење не пронајде дека тој има ментални нарушувања. Сѐ зависи од извештајот на лекарите.

Таткото на Коста К. е во притвор бидејќи момчето делото го извршило со пиштолот, додека обвинителството истражува дали таткото и мајката го занемариле и малтретирале синот.

Имотот на родителите кој се проценува на повеќе од еден милион евра беше замрзнат заедно со парите на сметките на таткото.