Костадинов: Премиерот Заев го пријави случајот и се бори за правда

Последното објавено видео од италијанскиот медиум во ниеден момент не укажува на било каква вмешаност на премиерот Зоран Заев во случајот „Рекет“ туку сосема спротивно. Од снимките е повеќе е јасно дека премиерот Заев ниту директно ниту индиректно не е вмешан во овој случај, но станува јасно дека единствена цел на овие снимки е токму тој да биде дискредитиран, посочи портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

– Премиерот Заев го пријави случајот и се бори за правда, создавајќи независни институции кои вистински се борат против криминалот и корупцијата. Сега надлежните институции мора да ја забрзаат истрагата за актуелниот случај „Рекет“, да ги лоцираат нарачателите, извршителите и помагателите. Секој мора да одговара, од прв до последен, за кого ќе се утврди било каква поврзаност, вклучително и тајкуните создадени од режимот на Никола Груевски. Било какви сценарија за спас на криминалците од затвор нема да успее – вели Костадинов.

На Мицкоски тој му порача наместо да се крие да одговори на нивните прашањата.

– Со кои две лица, кои се гледаат на објавената снимка се има сретнато? Дали и што примил на рака? Дали Мицкоски се сретнал со авторот на текстовите се сретнал во Будимпешта и што му дал? – праша Костадинов.

Тој порача и оти одговорност мора да има и за вмешаните во „Рекет“ и за тајкуните на режимот за кои се отворени предмети во СЈО и кои се појавуваат на овие снимки.