
На Швајцарија денеска и е потребен бод против Костарика за пласман во следната рунда од Мундијалот, но селекторот Владимир Петковиќ вели дека никаква математика не го интересира.
Ќе играме без било какви калкулации, не интересира само нашиот резултат, сакаме да победиме. Костарика ќе биде најопасна поради својата гордост, вели Петковиќ.
Тој на располагање ќе ги имаат сите тројца играчи на кои поради прославата на головите против Србија им се закануваше суспензија од еден или два натпревари, па се очекува дека Стефан Лихштајнер, Гранит Чака и Џердан Шаќири и против Коста Рика ќе почнат од првата минута. Тој случај Петковиќ не сакаше да го коментира.
Првенствено сме заинтересирани за фудбал и не треба да губиме време на други работи, изјави Петковиќ.
Швајцарците покажаа карактер на двата натпревари, па се вратија од бездната против Бразил и освоија бод, за да потоа со пресврт стигнат до победа над Србија. Единствената промена во составот треба да биде напаѓачот на „Динамо“, Маријан Гаврановиќ наместо Харис Сеферовиќ. Целта е рано да постигнат гол, а потоа да ја преземат контролата врз играта.
Ќе мораме да ја поправиме играта во однос на натпреварот со Србија, изјави Валон Бехрами.
Иако Костарика е последна на табелата без шанси за следната рунда, Навас и соиграчите дефинитивно ќе сакаат достоинствено да се простат од Светското првенство. Од Србија загубија со голот на Коларов од слободен удар, а против Бразил имаа реми се до судското продолжение.
Очекуваме многу комплициран натпревар. Швајцарија оди по пласман понатаму и ќе стори сé за да го оствари резултатот кој и е потребен. Ние во првите два натпревари одигравме добро во одбраната, сега тоа ќе се обидеме да го повториме, но и да го поправиме нападот, изјави дефанзивецот Кристијан Гамбоа.
Натпреварот Костарика- Швајцарија се игра во 20 часот.