Што ќе се случи во иднина јас не можам да предвидам, но едно знам ако покажат недоследност во своето однесување и да не речам дека на сред глас во 2006 и 2008 година „плачеа“ за да коалицираат, а сега сами си ја сечат гранката на која седат, а ВМРО-ДПМНЕ веќе добива на рејтинг и уште повеќе ќе добие бидејќи не им ја прифати платформата, а Никола Груевски покажа дека е голем државник и по секоја цена не направи влада со ДУИ и лично мислам дека тоа ќе биде во интерес на партијата, вели аналитичарот Сотир Костов во телефонски разговор за ТВ Нова коментирајќи ги ставовите на ДУИ.
Процесот на распаѓање на ДУИ ќе продолжи и тие треба да се изборат да размислуваат со свои глави, а не она што ќе им каже Тирана и Приштина. Мислам дека на следните избори со вакви резултати нема да можеме да составиме влада и ДУИ ќе биде најголемиот губитник, сега за сега ДУИ не е губитник, но во иднина ќе биде и проблемите треба да си ги најдат во својот двор, а не упорно да инсистираат на продолжување на мандатот на СЈО, истакна Костов.
Во врска со тоа зошто ДУИ го потиснува прашањето за СЈО, тој вели:
-Лично мислам дека на ова прашање најмеродавен да одговори е Али Ахмети и луѓето околу него, јас мислам дека тоа е единственото квиско кое можат да го подигнат и да кажат: -Еве со ова прашање ние не можеме да се согласиме со ВМРО-ДПМНЕ и нема да има влада. Тоа е многу споредно прашање и на тоа прашање не се гради политика и платформа која треба да има економски развој, развој на демократијата на слободата и на правата на граѓаните. Не е Али Ахмети тој што треба да каже дали СЈО ќе продолжи да работи или не, бидејќи сите беа во Пржино и сами договорија колку време да трае мандатот на СЈО, потенцираше Костов.
Според аналитичарот Ахмети е притиснат во партијата и има проблеми и токму затоа барањето за продолжување на мандатот на СЈО ДУИ го поставува како услов за коалицијата со партијата.
-Тој е притиснат од трите подпретседатели кои се загрижени за својот реизбор на локалните избори кои следуваат и мислам дека проблемот е друг. Платформата е главниот проблем, инаку видете многу одамна не е најбитно што за ВМРО-ДПМНЕ не е кредибилна специјалната јавна обвинителка, многу е побитно за нас аналитичарити за стручната јавност што таа веќе не е кредибилна и со својот метод на работа јас како што ја нареков „транге-франге“ и поврзаноста која ја имаа таа со Зоран Заев таа веќе самата се посрамоти и донесе едни одлуки кои што можеме да кажеме дека се скандалозни и дека се срамни. Ајде да не речам дека кукавички дури и предавнички се откажа од понатамошно кривично гонење на Пуч каде што имаме обвинети лидери на политички партии, докажани криминалци како и Зоран Верушевски и неговата дружина. Одамна таа не е кредибилитетна и кога ќе почне да функционира собранието тие треба да расправаап за тоа што таа го работи и на што таа има потрошено четири милиони евра, иако најбитното е тоа што таа не испорачува резултати, вели Костов.
Тој вели дека ДУИ води кон распаѓање и дека тој имал голем респект кон таа партија и дека тие во период од 20 дена немаат толку аргументи за да кажат дека нема да направат коалиција.