Најголемиот акционер во „Еуростандард Банка“, Трифун Костовски денеска на прес конференција посочи дека сценариото се спремало, а тие кои знаеле од Народната банка дека ќе се затвори банката, си ги повлекле парите.
„Ова е сценарио коешто е правено со месеци наназад, за никој да не знае, само блиски до тие кругови во Народна Банка на време биле известени да си ги повлечат парите бидејќи тоа и следува на Еуростандард банка“, истакна Костовски.
Toj прстот го впери во раководството на Народна банка кое, како што рече, не смогнало сила да помогне банката да се извлече од кризата не го прифатило инвеститорот и брзало со одлуката. За него, виновен е и претходниот претседател на Управен одбор на банката Николче Перковски и членовите на одборот, кои како што рече, го изманипулирале и го ставиле на отстрел.
– Оваа гарнитура на Народна банка е бирократска некомпетентна незрела и не ги познава бизнис тековите. Ние ќе ја спасебвме банката, но не ни се дозволи да работиме една година и затоа сметам дека беше подобро да ни ја одзедоа дозволата пред една година. Не дозволија ниту инвеститорот кој беше заинтересиран да ја извлече банката од криза да ја почне постапката. Инвеститорот требаше да ни даде понуда на 14 август, а стечајот Народна банка го обзнани на 12 август. Затоа се сомневам во сценарио, но и во некомпетентност на Народната банка – рече Трифун Костовски.
Доколку стечајот биде прифатен и стапи во сила Костовски најави тужба за државата за нансена штета на акционерите и коминтентите на банката и доколку го добијат случајот оштетата ќе биде наменета за покривање на коминтентите.
Ги повикувам сите кои се оштетени од Народна банка да се избориме да владее системот, а не корупцијата. Многу ми е жал за клиентите, јас изгубив 60 до 70 милиони евра, но и тие изгубија многу – рече Костовски.
Нашата вина ја лоцираме во изборот на Управен одбор кога на почетокот се обидовме да ја извлечеме банката, кој нѐ „превезе“. Не се разбирам во банкарство но бев во Надзорниот одбор, а син ми во одделот за кредити. Значи не наместија како луѓе за отстрел. Против поранешниот Управен одбор ќе поднесеме кривична пријава бидејќи правел малипулативни трансакции. „Каде се парите го прашав првиот човек на Управниот одбор. Тој ми рече во банката. Не ги видов ниту во трезор ниту на конто“ – рече Костовски.