-0.2 C
Skopje
недела, ноември 17, 2024

Костовски на терен заедно со работниците по невремето кое ја зафати Општина Бутел

Општинскиот кризен штаб работи на терен на расчистување на последиците од невремето и обилните врнежи кои ја зафатија општина Бутел.

Општинските работници работат на најкритичните места и расчистување на паднатите дрва и наносите.

На терен работат и јавните претпријатија на Град Скопје.

Апелираме граѓаните на Општина Бутел да останат смирени и сите штети ќе бидат санирани.

Отворен е телефонски број 075 – 274-421 на кој граѓаните на Општина Бутел можат да пријават последици од невремето.
Ќе се продолжи со работа и во ноќните часови се до нормализирање на состојбата.