Костовски: ВМРО ја создаде Македонија, ВМРО ќе ја исправи

СДСМ почна засилено да лаже, ДУИ почна да раскажува за почитички бајки, позната класична предизборна реторика на овие две политички партии, истакнува Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже цврста и идејна платформа за стабилна економија, зацврстени државни позиции, нови политички принципи, нови политички сили, правен систем кој нема да познава протекции, квалитетно образование, ефикасна полиција, модерна армија, реализирање на даноците во секој дел од државата, нова модерна стратегија за спортот, еден куп добро подготвени проекти за патишта, нови вработувања, земјоделие, туризам, млади, и тн.

Всушност ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди тоа што и во минатото го покажа на дело, работа, посветеност, и љубов кон татковината.
Грешките од минатото ќе бидат исправени, квалитетот кој порано е покажан ќе биде дуплиран и секогаш Македонија ќе биде центарот на политиките донесени од нова Влада на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христија Мицкоски.

ВМРО ја создаде Македонија, ВМРО ќе ја исправи“-порача тој.