Котлар: Субвенции за лифтови во Градски ѕид, замена на азбестни покриви и енергетски фасади

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар преку видео порака вели дека Центар ќе субвенционира лифтови во Градски Ѕид, ќе се заменат азбестните покриви и ќе се инвестира во енергетски фасади.

-За похумано живеење на центарци се обврзуваме на:

– Издавање на дозволи за надворешни лифтови на анексите на блоковите во Градски Ѕид на барање на станарите. Дополнително, општината ќе даде 30% субвенции за овие лифтови,

– Реновирање и замена на сите азбестни кровови на територија на Центар,

– Субвенционирана обнова на станбени објекти со енергетско-ефикасни фасади

#ЗаЦентарСоДуша

#СоздадиНоваИднина, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.