Котлар во Ново Маало: Сите во Центар заслужуваат пристоен живот

Кандидатката за градоначалник на општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар, заедно со пратеничката Велика Стојкова Серафимовска, вечерва беа на маалска средба во Ново Маало.

-Изградба на целосна инфраструктура (улици, фекална и атмосферска канализација, водовод, нисконапонска мрежа) во новопроектираната модерна населба Ново Маало за мене ќе биде главен приоритет. Сите во Центар заслужуваат пристоен живот. За Центар со душа, порача Котлар.