Ковачеваски: За СДСМ и ДУИ барањата на Мицкоски се прифатливи

Премиерот Димитар Ковачевски го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да го имплементира тоа што било кажано, а не да се толкуваат предлозите од лидерската средба затоа што за СДСМ и за ДУИ барањата на опозицијата се прифатливи.

– Главен заклучок е дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставни измени. Претходно обвинуваа дека ќе сме го изгубеле јазикот и идентитетот ако ги внесеме Бугарите во Уставот. Таму се разговараше дека ВМРО-ДПМНЕ сака да влезе да биде дел од Владата и СДСМ е подготвено да отстапи пет министерски места. ДУИ експресно го прифати барањето на Мицкоски да не учествува во Влада во која е ВМРО-ДПМНЕ. Ние му даваме шанса на ВМРО за првпат да учествува во носење на стратешки одлуки за државата.

Неприфаќањето на тој процес од страна на ВМРО ќе биде големо разочарување и за меѓународната заедница. Како што гледате тоа што го побара ВМРО-ДПМНЕ за нас и за ДУИ е прифатливо. Другите коалициски партенери како ЛДП и ДОМ рекоа дека е прифатливо и така што сметам дека треба да се оди кон имплементирање на тоа што е кажано, а не на толкување што било кажано – истакна Ковачевски