Ковачевски не кажува дали 3 пратеници СДС од 1 и 2 изборна единица кажале дека нема да поддржат вакви уставни измени, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачевски молчи и дали 6 пратеници од внатрешноста му кажале дека гласањето на уставните измени е најлошата работа која Владата може да ја направи.
Ковачевски знае дека нема поддршка за своите политики.
Во СДС има луѓе кои ја сакаат државата, и не се спремни на отстапките и лоши политики кои ги води врвот на партијата. Ковачевски го знае ова и затоа е голема и паниката.
Уште поголема е паниката, затоа што и еден пратеник на ДУИ побарал пари за да гласа за уставни измени.
Ковачевски и Груби се соочуваат со реалноста, ветија работи спротивни на народната волја, и сега ги гледаат последиците.