-Министерот за здравство, Фатмир Меџити, и Владата на Димитар Ковачевски, наместо грижа за граѓаните и пациентите почнаа да ги навредуваат. Меџити и Ковачевски наместо да направат сѐ пациентите со цистична фиброза да добијат лек, тие ги навредуваат, односно си поигруваат со нив, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на изнесените ставови на министерот Меџити.
-Меџити, пациентот со цистична фиброза кој побара лек „Трикафта“ и кој се обрати на социјалните мрежи за да ја алармира јавноста, бидејќи очигледно не може поинаку, денес го нарече шоумен. Меџити ова го посочи во интервју за еден медиум, а во истото интервју за пациентот вели: „како може да се слика на оддел, тоа е забрането да се сликаш по телевизии, по камери“.
Меџити е министер кој зема плата од пари на народот и за истиот треба да се грижи.
Димитар Ковачевски и Фатмир Меџити не само што не се грижат за пациентите, туку и ги навредуваат и си поигруваат со нив. Нивна работа е да има лекови, услови за лекување и медицински персонал, но тие за ова не се грижат.
Крај треба да се стави час поскоро на целата екипа, елита предводена од Ковачевски, велат од партијата.