
„Сме биле единствени држави кои немале граници. А, сега сме единствени кои сега имаат граници“, рече премиерот на Македонија Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање.
„Нема поголема глупост од границите на Балканот. Значи ако излезете на север од овде на Хорвош, на само 200 километри од тука, граници нема до Скандинавија. А, ако сакате да одите на Балкан, на секои 100 километри има граници. И затоа некои проекти не ги сакам, кога ќе ми дојдат од Европска унија за финансирање за унапредување на гранична контрола. На нас не ни требаат граници. Јас Западен Балкан го замислувам како регион без граници, интегриран во ЕУ. Границите кои моментално постојан, меѓу земји кои имаат бесцарински режим меѓу себе, кои имаат пријатески односи, се само извор на корупција и ништо друго“, изјави Ковачевски на прес конференција со српската премиерка Ана Брнабиќ.
Идејата на целосно укинување на границите Ковачевски за првпат ја спомена минатата година за време на одржувањето на Отворен Балкан во Белград, Србија.