Ковачевски ни кажуваше дека ќе увезат работници од Тајланд и Виетнам кои ќе работат како мравки на автопатите, вели Димитровски

-Од терен добиваме информации дека се формира конзорциум од мали градежни компании од Тетово на кои веќе им е сугерирано од Артан Груби, од компанија ќе ги добиваат бизнисите за изградба на коридорите. Во контекст на изборите, на овој начин ќе се вработат стотици, илјадници симпатизери, вели за радио Лидер, поранешниот заменик министер за локална самоуправа, Зоран Димитровски, кој даде оставка поради несогласување со францускиот предлог и уставните избори.
Димитровски сведочи како на една од последните коалициски средби на кои се претставувал како член на Владата, премиерот, Димитар Ковачевски, воодушевено зборувал за проектот со автопатите кои треба да ги гради „Бехтел и Енка“.
-Само да ви кажам, на една коалициска средба пред да ја напуштиме коалицијата, тој ни говореше во суперлативи за проектот, како сега ќе видите како се гради кога ќе дојдат „Бехтел и Енка“. Ние прашувавме како, кога немаме толку работници. Тој ни рече – ќе видите, они ќе донесат од повеќе земји, од Тајланд, Виетнам, ќе видите илјадници работници како мравки ќе работат по 60 саати. Тој тоа ни го говореше. А во Србија што се случуваше. Имаше исто голем скандал со кинеска инвестиција каде се злоупотребуваше работна сила од азиските земји. Луѓето беа затворени во контејнери, работеа по 60 саати, бел ден не можеа да видат – вели Димитровски.