Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Кишињев, каде што го очекуваат голем број значајни средби.
„Ние во регионот најдобро знаеме колку е важно да се вложат сите напори заедно со цел да се зачува тешко стекнатиот мир и стабилност. Разговаравме за актуелните настани и понатамошните чекори кои би придонеле за изнаоѓање решение за сегашната тешка и сериозна ситуација. со надеж дека разумот ќе надвладее, за доброто на сите-рече Вучиќ.