Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција им посака посака успех на ДУИ на вечерaшната трибина на партијата во Чаир запрашан за тоа како го коментира собирот.
„Тоа се нормални активности на секоја политичка партија, како што во последниот квартал во 2022 година ги направи и нашата партија, СДСМ, кога имавме 70 трибини и кои завршија со големата трибина со над 11 илјади членови и симпатизери во СЦ Борис Трајковски“, рече Ковачевски.
Првиот вицепремиер Артан Груби на својот фејсбук профил го најави големиот митинг закажан за денеска во Чаир на кој ќе присустува и Али Ахмети.
„Ми недостигаше ваква мобилизација и еуфорија каква што се создава кога се очекува да дојде националниот лидер Али Ахмети. Ветувам невиден спектакл, особено за младите“ напиша Груби.
Додаде дека „сите чаирчани се на нозе“.