Ковачки бара јавно извинување од Шекеринска

Врти-сучи, пак ме нападнала на прес. Аман бре луѓе, аман, до толку ли е голема омразата, пишува Драган Ковачки.

-Еве за што се работи: На денешната прес конференција актуелниот министер за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, на поставено новинарско прашање до неа за моите констатации дека не се прави доволно во МО во поглед на НАТО интеграциите и дека дел од парите на граѓаните заминуваат во фирми од земја која не е членка на НАТО, добивам напад на лична основа и обвинување дека “додека сум бил на висока функција како раководител во сектор во МО сум ја партизирал службата”. И сега наместо да си одговори на прашањето, затоа што граѓаните заслужуваат да знаат каде им се трошат парите, таа ме напаѓа на лична основа. Дај ако имате докази, извадете ги, не само напади без основа. Аман веќе. посочува тој.

„Очигледно е дека личните напади се својствени на истрошените политички ликови на крајот на кариерата и нервозата си го прави своето. Сепак, отуството на реални резултати не може да се замени со евтин Пи-Ар.

Да не должам, барам јавно извинување од страна на актуелниот министер за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска за искажаните лаги и навреди на лична основа. Давам можност истото да го направи и писмено.

Давам соодветен разумен рок од 24 часа“ -јавно порача Ковачки.