Ковачки до Апасиев: Кога го напаѓаш ВМРО-ДПМНЕ, треба да знаеш дека одработуваш за Заев

Го читам лидерот на Левица, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе правеле влада против Левица. Духовито, нема што. Во недостаток на идеи и креативност, ајде да пробаме да бидеме духовити и да го ситниме отпорот. Тактиката ја учевте во училиште или на семинар кај Заев?, реагира членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, на објавата на лидерот на Левица Димитар Апасиев.

Да одиме со ред:

Прво, ВМРО-ДПМНЕ од поодамна кажа дека на Македонија и’ е потребна експертска влада во која нема да бидат криминалците што не’ доведоа до оваа состојба.

Ако пратеникот Апасиев досега од нашите постапки не можеше да види, еве да потенцирам па нека остане запишано: Местото на криминалците не е во Влада, туку во затвор.

Второ, на Македонија и’ треба нова Влада за да ја извади државата од бездната во која не’ втурнаа овие политички дилитанти и неранимајковци. А тие неранимајковци по се’ изгледа се наредбодавачи на истиот тој што сега пробува да се дистанцира од нив.

Трето, кога си опозиција, по дефиниција ја напаѓаш власта, а не најголемата македонска партија што може да ја донесе промената и подоброто утре за граѓаните.

Значи, кога го напаѓаш ВМРО-ДПМНЕ, треба да знаеш дека одработуваш за Заев.

Ама ти тоа веќе го знаеш, нели?

Последно, се декларирате како опозиција, а сите слушнавме дека ве финансирал Заев со цел да правите штета на ВМРО-ДПМНЕ. Каква е таа опозиција што цело време се силеше, а не поднесе ниеден амандман за законот за државјанство, па уште и застанавте во ист строј со ВМРО-НП под капата на Заев.

Јас разбирам дека секој треба да има место на политичката сцена и да го изрази своето мислење, но би бил претпазлив кога би го бирал местото, вели во својата објава Ковачки.