Ковачки: Која е улогата на министерката за одбрана во набавката на кинеските вакцини преку фантом фирма?

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска повторно манипулира и објавува детали од интерни армиски постапки за кои цело време предупредувам, реагира Драган Ковачки, полковник на армијата.

„Прво, престанете да манипулирате и кажете ѝ на јавноста дека Комисија предводена од генерал не најде докази за тоа за што ме обвинувате, а Вашата комисија во која нема ниеден генерал, туку има и лица помлади по чин од мене, Ви достави нарачан предлог. Па од авион се гледа Вашиот притисок врз Вашата комисија“, пишува Ковачки

На министерката ѝ порача дека институцијата не е „партиска играчка“ којашто ја злоупшотребува во меѓупартиските пресметки со него и поради тоа што има поразличен став од неа.

„Второ, должите да одговорите: Зошто и после година дена се’ уште на вашиот фејсбук профил стои доверлива класифицираната мапа од зона на одговорност на армиска единица?

Трето, дефокусирате од вистинските проблеми:  Која е улогата на министерот за одбрана во набавките на кинеските вакцини од ФАНТОМ фирмата во Хонг Конг?

Како може со чиновничка плата да се купи куќа вредна баснословна сума, а за багателна цена? Еве ја повикувам јавноста и истражувачките новинари да се заинтересирааат за случајот и да го истражат#, пишува Ковачки.

Понатаму, тој порачува:

„Последно, не е учтиво од уста на дама на толку висока политичка и партиска функција да напаѓате на личност со неумесен речник и да ме наречете плачко и лажго.

Нема да се симнам на тоа ниво, но во интерес и добробит на општеството, на сите родители би им советувал такви фрази да избегнуваат пред своите деца“.