Ковид-19 во САД би можел да убие над 81.000 луѓе

Новиот коронавирус би можел да убие повеќе од 81.000 луѓе во САД во наредните четири месеци, а епидемијата не треба да се очекува да заврши пред јуни.

Тоа го покажува анализа на податоци извршена од Факултетот за медицина на Универзитетот во Вашингтон.

Најголем број хоспитализирани пациенти заразени со коронавирусот на државно ниво се очекуваат во втората недела од април, со проценка дека може тоа да се случи подоцна во други сојузни држави.

Смртни случаи може да бидат регистрирани дури и во јули, иако нивниот број ќе падне под границите на епидемијата, на помалку од 10 на ден, велат аналитичарите.

Анализата, која се потпира на податоци од Владата, болниците и други извори, предвидува дека бројот на смртни случаи во САД би можел да варира широко, од најмалку 38.000 до максимум 162.000 луѓе.