Ковид пасоши договорени во 13 држави од ЕУ

Тринаесет земји членки на ЕУ постигнале договор за таканаречените ковид пасоши кои во време на пандемија треба да го олесни протокот на туристи, сооштено е денес во Виена, пренесува хрватски Индекс.

– Наша цел е „зелениот пасош“ брзо и по можност во единствен формат да биде применлив на ниво на ЕУ – изјавила австриската министерка за туризам Елизабет Коестингер во разговор за агенцијата АПА.

Таа вели дека станува збор за „прашање на опстанок на европскиот туризам“.

Хрватска, Австрија, Кипар, Данска, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Португалија, Словенија и Шпанија при крајот на март се договорија за седум критериуми за издавање на „зелен пасош“ кој би требало да се најде во промет најдоцна до почетокот на јуни.

– „Зелениот пас“ преку QR код веднаш дава информации за тоа дали носителот е вакциниран, тестиран или прележал ковид-19. Со тоа е овозможена едноставна и практична примена на подрачјето на ЕУ: од чекирање на аеродромите до посета на селска гостилница – вели авструската министерка.

Таа нагласи дека во секој случај се сака да се избегне овој документ да се третира како принуда за вакцинација.

Чувствителните здравствени податоци на носителот на ковид пасошот ќе останат во земјата од каде потекнува лицето и нема да се скаладираат на ниво на ЕУ.

Натамошна цел е да се усогласи примената на ковид пасошот со трети земји.

Листата со критериуми е, како што е кажано, предадена на контрола во Европската комисија која во следните денови треба да донесе одлука за примената.