Ова го изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, по синоќешната средба со шефот на германската дипломатија Френк-Волтер Штајнмаер.
Дипломатите од двете страни прават значајна и голема работа, и дури ќе кажам дека е толку интензивна, како со никоја друга земја. Сега правиме гасовод од Солун до Скопје, ќе се направи нова железничка линија од Лерин до Битола, информира Коѕиас.
Тој исто така додаде дека двете земји воспоставија соработка меѓу универзитетите, полицијатата и размена на информации.