Потребен е компромис за името и од двете држави за да го издржи тестот на времето, изјави за грчката телевизија ЕРТ, министерот за надворешни Никос Коѕиас.
Поранешната југословенска Република Македонија мора да покаже култура на консензус и компромис, ниту ние, ниту тие ќе добијат сѐ- вели Коѕиас.
Запрашан за изјавата на лидерот на Независни Грци, Каменос, дека нема да се согласи на име во кое е содржан зборот Македонија и дали тоа ќе се одрази на преговорите, Коѕиас одговара дека секој има право на свое мислење, но верува дека во грчкиот парламент е потребно и постои мнозинство пратеници, а не мнозинство партии за евентуалниот договор за името.
– Ние сме Влада која е тука за да решава прашања. Ако начинот на кој ги решаваме е во согласност со долгорочните интереси на земјата, интересите на регионот и е во европски дух, ние тоа треба да го направиме, вели Коѕиас.
Тој го повтори ставот дека е добро во 2018 година да се реши спорот за името со оглед дека, како што посочува, постојат одредени услови кои покажуваат дека тоа може да се постигне. Смета дека нема причина да се одлага решението. Одговорност на Владата е, додава, да најде прозорец на можности за решавање на овој проблем бидејќи земјата не смее да биде заложник на минатото.
– Оние кои не критикуваат или не гледаат со сомневање бидејќи сакаме да го решиме проблемот мора да сфатат дека ќе беше многу подобро за земјата ако тоа беше постигнато во 1992 година. Не повикуваат истите оние кои не ја презедоа својата историска одговорност да го решат прашањето, бидејќи не биле одлучни, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас.