Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас по заминувањето од премиерскиот кабинет кусо потврди дека премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев денеска ќе се слушнат на телефон.
Коѕијас не сакаше да даде изјава за медиуми, но на новинарско прашање дали Ципрас и Заев ќе разговараат денеска, кусо рече: „Ќе го направат тоа“. Но, не одговори што ќе си кажа, изјавувајќи дека премиерите сами ќе соопштат, пренесува „Иефимерида“.
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас вонредно и претходно непланирано утрово дојде во премиерската палата на средба со Алексис Ципрас, објавија дел од грчките медиуми.