Коѕијас поднел оставка

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас ја доставил неговата оставка до грчкиот премиер Алексис Ципрас, според информациите во новинарските кругови во Грција, јави МИА од Атина.

Информацијата не е официјално потврдена ниту од грчкото МНР, ниту од кабинетот на грчкиот премиер, но веќе е објавена во дел од грчките медиуми.

Оваа множност, како што претходно објавија грчките медиуми, Коѕијас ја најавил уште вчера, поради тоа што не добил доволна поддршка од грчкиот премиер во кавгата со Каменос

Несогласувањата меѓу двајцата министри Каменос и Коѕијас, како што вчера објави МИА, прераснале во жолчна расправија. Според грчките медиуми, од една страна поради ставовите на помалиот коалициски партнер во владата во однос на Договорот од Преспа и надворешната политика, а од друга страна, атмосферата се вжештила и кога Каменос ги споменал тајните фондови во грчкото МНР.