Грчкиот министер за надворешни, Никос Коѕиас, во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ, најави дека со неговиот македонски колега, Никола Димитров се договориле, да се формира заедничка македонско-грчка комисија од експерти, кои ќе ги разгледуваат македонските учебници, за да се отстранат сите иредентистички изјави, мапи и текстови.
„Да одиме на Скопје. Ги чекаме изборите во октомври, ќе има таму и врот круг. Ќе видиме дали новата Влада добива поголема сила или не, и потоа Владата во Скопје да покаже дали може да влезе во сериозни преговори за името. Сакам да ви кажам дека проблемот за името зад себе крие и еден проблем на иредентизам, се надевам дека од нивна страна ќе бидат преземени мерки за ограничување на иредентизмот. Во Њујорк имавме средба со министерот за надворешни работи на соседната земја, Никола Димитров. Сакам да ви кажам дека станува збор за извонредно интересна личност, со кого се договоривме да создадеме комисија која ќе изврши надзор на сузбивање на иредентизмот во учебниците. До крајот на ноември се надеваме дека ќе имаме првични резултати од ова, односно да се изврши удар врз иредентизмот и врз картите со територијални претензии. Ова е многу значаен чекор.“