Потврдена е смртта на најмалку 58 луѓе откако брод кој превезувал мигранти од Гамбија потонал во средата додека се приближувал кон брегот на Мавританија, извести во четвртокот Меѓународната организација за миграции (IOM).
Бродот превезувал околу 150 мигранти, а 83 лица успеале да допливаат до брегот, каде што примаат помош од локалните власти, IOM и UNHCR, се наведува во објавата. Преживеаните рекле дека на бродот имало најмалку 150 луѓе, меѓу кои жени и деца, а дека патешествието од Гамбија започнало минатата среда, на 27-ми ноември.
Во моментот на приближување кон Мавританија, држава во северозападна Африка на брегот на Атлантскиот Океан, почнало да снемува гориво, раскажале преживеаните, кои во моментов се наоѓаат во Нуадибу, вториот најголем мавритански град.
„Наш заеднички приоритет е грижата за сите кои преживеале и да им се пружи помош која им е потребна“, изајвиле од IOM.
Повредените се однесени во градската болница, а властите на Мавританија стапиле во контакт со гамбиските конзуларни служби за на имигрантите да им се осигури потребна поддршка, извести IOM.