Најголемата љубовна сапуница во светот на фудбалот заврши. Ванда Нара потврди дека дефинитивно се разведува од Мауро Икарди.
Атрактивната русокоса се огласи на Инстаграм и потврди дека нејзината љубов со напаѓачот на Галатасарај е завршена.
-Многу ми е тешко и болно во овој момент, но со оглед на мојата изложеност во јавноста и медиумски шпекулации, подобро е да се дознае од мене. Немам повеќе што да разјаснувам и нема да изнесувам никакви детали за разделбата. Ве молам за разбирање не само поради мене, туку и поради нашите деца, напиша Ванда.
Парот е во криза од октомври минатата година кога се пишуваше дека Икарди додека играл за ПСЖ ја изневерувал Ванда со актерката Суарез. Откако тоа го надминаа, Ванда ова лето се најде во центарот на вниманието кога беше фатена во Ибица со непознат маж кој би бакнувал нејзините гради.
Следуваа снимки на кои таа потврдува дека се разведува.
-Кармен, дојдов во Аргентина да го завршам разводот со Мауро. Ќе останам уште неколку дена и потоа ќе се вратам и ќе ти ја донесам картата и се што треба. Организирам се за разводот, бидејќи не можам повеќе да издржам, се слушал гласот на Ванда во пораката упатена до некоја жена.