Челничката на француската крајна десница Марин Лепен реагираше во саботата против истакнувањето на знамето на Европската унија на Триумфалната порта по повод француското претседавање со Советот на ЕУ.
Во противењето Лепен, а којашто анектите покажуваат дека е главен ривал на актуелниот претседател Емануле Макрон на претседателските избори во април годинава, беше поддржана и од другите десничарски и суверенистички политичари кои се гневно од развивањето на знамето на ЕУ на спомнатата париска и француска знаменитост.
„Украсувањето на Триумфалната порта единствено со боите не Европската унија, без националното знаме, навистина претставува напад врз националниот идентитет, бидејќи овој споменик им одава почест на нашите воени победи и во него се наоѓа Гробот на незнајниот војник“, изјави Лепен.
Францускиот претседател Емануел Макрон, кого Лепен го обвинува дека издал „директен налог“ знамето на ЕУ таму да биде истакнато, засега не се огласи со свој коментар.
Но, министер за европски прашања Клемент Боун рече дека истакнувањето на знамето на ЕУ било само привремено. „Француското знаме не е заменето. Изборната кампања не е дозвола за ситни лаги и контроверзии“, напиша тој на Twitter.
Центристот Макрон, кој допрва треба да се изјасни дали ќе се кандидира за реизбор во април, ја победи Лепен во вториот круг од избориет во 2017 година со 66 наспроти 34 отсто, помогнат традиционално и од сеите леви и од конзервативните партии. Сите анкети покажуваат дека тој е фаворит за уште еден петгодишен мандат.
Лепен додаде и дека поради оваа постапка ќе му се обрати на Државниот совет, кој е правен советник на француската влада, и ќе побара знамето на ЕУ да биде отстрането.