Крадци ја ограбиле луксузната вила на Дејвид и Викторија Бекам

Криминалци ја ограбиле луксузната вила во Западен Лондон на поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија Бекам, иако семејството со нивната 10-годишна ќерка Харпер било во домот.

Семејството Бекам не слушнале кога влегле крадците во домот, а дека им ги нема вредните работи забележале откако се вратил Круз Бекам, кој забележал дека е скршен еден од прозорците.

Лондонската полиција потврди дека добила повик околу полноќ и реагирала по кражба во луксузната вила на Бекам.

Крадците ограбиле само една соба, односно ја одземале целата облека, неколку паричиња накит и електрични апарати, но за среќа познатото семејство останало неповредено.