Крајот на епохата на Меј отвора нови можности за брегзитот

Британската премиерка Тереза Меј во петокот порача дека поднесува оставка, со што ја отвори трката за новиот челник на конзервативците кои ќе мора да побараат нов договор во врска со истапувањето на Обединетото Кралство од Европската унија.

Премиерката претходно на сопартијците им вети дека ќе се повлече само откако Велика Британија ќе ја напушти ЕУ. Но долниот дом на парламентот трипати, на 15-ти јануари, на 12-ти март и на 29-ти март, го отфрли нејзиниот договорт за брегзитот постигнат со Брисел. Меј не можеше да го изведе процесот на раздружување од ќорсокакот и мораше од ЕУ повторно да бара одложување на првичниот датум за излегвуањето на 29-ти март, а на вонредниот само на Унијата на 11-ти април беше решено датумот брегзит да се одложи за 31-ви октомври.

Тереза Меј не успеа по четврти пат да го стави договорот на гласање, На 24-ти мај во со голем наплив од емоции во обраќањето до нацијата, таа објави дека одлучила да поденсе оставка на должноста челник на владејачката Конзервативна партија и, соодветно, од премиерската. Во петокот Меј го објави распоредот на своето заминување: на 7-ми јуни поденсува оставка во Конзервативната партија, а трката за нејзин наследник започнува една седмица подоцна.

„Поднесувам оставка како челничка на Конзервативната партија во петок, 7-ми јуни, за да избереме ново водство“, проача Меј од пред својот кабинет во Даунинг Стрит. Меј, која издража кризи и порази во обидите да пронајде компромис, вели дека партијата ја напушта без лоша волја. „Наскоро ќе ја напуштам работата којашто ми беше животна чест“, рече Меј со треперен глас задушувајќи ги солзита. „Како втора премиер жена во историјата, но сигурно не и последна“, додаде. „Го правам тоа без зла волја, но со огромна и трајна благодарност што имав можност да ѝ служам на земјата којашто ја сакам“, истакна.

Британската премиерка заминува сама, но не и со добра волја, и покрај тоа што го тврди спротивното. Шпекулациите за оставката на Меј потекнуваат со месеци наназад, кога еден од нејзините сопартијци ја опиша ситуацијата како „никој не сака да ја преземе одговорноста за тоа што група мажи се расправаат со жената премиер“.

Меј, некогаш приврзаничка на членството во ЕУ, која стана премиерка по превирањата во 2016 година и носењето на одлуката за брегзитот, ја поднесува оставката без исполнетите главни цели, да ја предводи Велика Британија во процесот на излегување од Унијата, како и да ги помири разликите во парламентот.

„Во 2016-та му дадовме право на глас на британскиот народ. Спротивно на сите очекувања, Британците одлучија да ја напуштат Европската унија. Денеска, како и пред три години, сугурна сум: во една демократска држава, ако им дадете на луѓето избор, неопходно е да се исполни нивната волја. За тоа направив сѐ што можев. Направив сѐ за да ги убедам пратениците да го одобрат мојот план за излегувањето. За жал, не успеав“, призна премиерката.

 

Последниот удар од поделените конзервативци

И онака несигурната лидерска позиција на Тереза Меј во четвртокот претрпи уште еден удар кога Андреа Лидсом си замина од нејиниот министерски кабинет од позицијата во владата од која се води Долниот дом на парламентот. Таа беше 36-от министер или друг највисок функционер кој си поднесе оставка од владата на Тереза Меј.

Лидсом важи како заговорник на брегзитот, а со премиерката жестоко не се согласуваше по прашање за можно одржување втор референдум за напуштањето на ЕУ. Со оваа иницијатива Меј настапи во обидот да ги сврти на својата страна опонентите и да ги убеди да го поддржат четвртиот план за договорот за излегувањето, за што парламентарците требаше да гласаат на почетокот од јуни. Според Лидсом, тоа може да доведе до уште поголемо разногласие и да ја влоши и онака тешката ситуација. Истовремено таа се спротистави и на најновата верзија од планот на Меј за излегувањето од ЕУ.

Тоа уште повеќе ги разгневи конзервативните сопартијци на премиерката. Некои, исто така, ја осудија идејата за повторен референдум. Покрај тоа, мнозинството членови на министерскиот кабинет порачаа дека, со или без референдум, тие нема да го одобрат новиот план доколку не се внесат во него одредени промени.

Според замислата на Меј, пратениците кои не сакат повторен референдум за излегување од ЕУ мора прво да го одобрат нејзиниот договор. Истовремено, мнозинството парламентарци кои бараат нов референдум, очекуваат дека Британците ќе сфатата со какво пролеми се соочуваат при брегзитот и ќе одбијат да ја напуштат Европската унија. Меј тогаш веди дека по гласањето за договорот ќе го објави датумот на своето повлекување, независно од неговиот исход, додека претходно ги уверуваше своите сопартијци дека ќе замоне само откако ќе биде одобрен нејзиниот договор.

Како и партијата, Меј ја остава и својата земја далбоко поделена, а политичката елита е во блокада околу тоа како, кога и дали воопшто да се напушти ЕУ. А при објавувањето на своето повлекување порача дека нејзиниот наследник мора да постигне конензус во парламентот околу брегзитот.

Но нејзиното заминување всушност ја продлабочува кризата околу брегзитот, а многу веројатно е дека новиот челник ќе сака порешително раздружување со Унијата, што ги зголемува шансите за судир со Брисел и вонредни избори во Британија. Водечките кандидати за местото на Меј сакаат посилен договор околу брегзитот, иако ЕУ веќе порача дека нема повторно да преговара за Договорот за повлекување кој беше постигнат ланскиот ноември со премиерката.

 

Чуварката на редот која не успеа

Ќерка на протестантски викар, Тереза Меј е во брак од 1980 година и нема деца. Првпат беше избрана во парламентот во 1997 година, а министерка стана првпат во 2010 година.

Поранешната министерка за внатрешни работи којашто „растеше“ на доселеничката политика, „падна“ на брегзитот. Фатена меѓу непопустливите бриселски технократи и непоколебливите британски поборници на брегзитот, двете страни кои никамко не успеа да ги помири, Тереза Меј неминовно беше принудена да поднесе оставка. Таа се претстави како „чуварка на волјата на народот“ кога само еден месец по референдумот за брегзитот беше именувана за премиерка. Меј до тоа гласање формално ги поддржуваше напорите на својот претходник Дејвид Камерон Обединетот Кралство да остане во ЕУ, но почека нејзиниот тогашен шеф да падне во јазот кој самиот го ископа откако гласачите одбија да ја поддржат на референдумот неговата опција.

Поранешната министерка за внатрешни работи ја изгради својата политичка репутација како строга чуварка на законото и редот, покажувајќи ја силата на својот карактер кога во говорот од 2014 ѝ отчита урок на полицијата. Тогаш истакна дека работната етика мора да се промени, истакнувајќи ги проблемите со расизмот и сексизмот во полициските аткивности.

Како министерска за внатрешни работи беше критикувана за „непријателска политика“ кон доселувањето, а потоа како премиерка дена не го одржала ветувањето и ја заддржала „нето имиграцијата“ под 100.000 луѓе годишнo. Многу резервирано истапуваше и во кампањата во пресрет на референдумот за брегзитот, поради што политичките аналитичари препознаа „калкулантска природа“ на нејзиниот карактер. Како премиерка, според многумина, фатaлно згрешила кога распиша предвреемни парламентарни избори кон средината на 2017 година, а пота откако ненадејно го загуби мнозинството во парламентот, а потоа и со склучувањето коалиција со малата северноирска Демократска унионистичка партија (DUP) за да се одржи на власт.

Фатена во теснецот меѓу тврдолинијашите меѓу своите конзервативци и ирските унионисти, од една страна, и бриселските бирократи, од друга страна, Меј влелеше потези кои излгедаа сѐпоочаен еден од друг. Во последниот обид да ги убеди пратениците да го прифатата нејзиниот договор за брегзитот, понуди и оставка доколку го прифатат. Но и тоа не ѝ беше прифатено.

Меј за себеси говореше дека не е „политичкара кога се расфрла и прави претстави“ туку посветена, вредна јавна службеничката која сака да го исполни она за што Британците гласаа пред три години. Честото повторување на слоганите како „брегзит значи брегзит“ или „силна и стабилна влада“ и го донесоа потсмешлиовиот прекар „МејБот“. Својот „вкочанет“ имиџ се обидуваше да го отрстрани прво танцувајќи со малдите во текот на нејзините посети на Кенија и Јужна Африка, а пота и на конвенцијата на Конзервативната партија кога на бината излезе танцувајќи на тактовите на „Dancing Queen“ на култните ABBA, но главно предизвика потсмев поради нејзините во најмала рака чудни танцови движења.

Во едно од нејзините последни интервјуа, на радио, рече дека некој колега своевремено ја опишал како „проклето тешка жена“, алудирајќи на нејзината тврдоглавост, отпорноста и решителноста. Сепак, „тешката жена“ не успеа да испорача уреден брегзит и во четвртокот, конечно, се помири и призна дека е време таа задача да се обиде да ја заврши некој друг.