Кралевите ќе немаат милост за фенерџијата Бетис

Без погодоци заврши премиерниот натпревар од 20. коло во шпанската Примера дивизион, дуелот помеѓу екипите на Малага и Валенсија.

Фенерџијата на табелата, тимот на Бетис, денеска не би требало да биде некоја посериозна пречка за фудбалерите на Реал (М), а најверните фанови на “кралскиотр клуб” очекуваат најпосле добра игра и од најскапо купениот фудбалер на денешницата, велшкиот интернационалец, Герет Бејл, кој веќе неколку недели тренира со полн интензитет, но на претходниот првенствен натпревар, против Еспањол одигра под очекуваното ниво.

„Пред неколку минути разговарав со Бејл. Ми кажа дека одлично се чуствува. Знае дека очекувам многу повеќе од тоа што го прикажа на последниот натпревар, но убеден сум дека ќе одигра одлична на гостувањето во Севилја. Нема лесен натпревар во Шпанија. Точно дека играме во нова формација, 4-3-3. Благодарени на истата, имаме далеку поголема дефанзивна сигурност, имаме поголема контрола врз играта и резултатот”, изјави тренерот на Реал (М), Карло Анчелоти.

Денеска на програмата: Бетис – Реал М., Елче – Р. Валејекано, Гранада – Осасуна, Еспањол – Селта.