Кралицата Елизабета ја криела тешката болест од јавноста!

Кралицата Елизабета Втора се борела со многу сериозна форма на рак во последните месеци од својот живот, се вели во најновата биографија напишана од Џајлс Бредрет, пријател на принцот Филип, пишува „Mirror“.

Во својата нова книга „Елизабет: Интимен портрет“, Брандрет тврди дека кралицата имала ретка форма на рак на коските.

– Слушнав дека кралицата има форма на миелом – рак на коскената срцевина, што може да објасни зошто била постојано уморна и имала проблеми со движењето во последната година од животот. Најчестиот симптом на миелом е болка во коските, особено во карлицата и грбот. Оваа болест најчесто ги погодува постарите лица, напиша тој.

Во моментов не постои лек за болеста, но некои третмани може да го спречат слабеењето на коските и да ја намалат сериозноста на симптомите, како и да го продолжат животот на заболените за два до три месеци.

Брандрет, исто така, тврди дека Елизабет имала периоди кога се чувствувала многу лошо, но сепак била решена да продолжи со своите должности по смртта на принцот Филип во април минатата година.

Официјалната причина за смртта на кралицата е староста.