Кралицата Елизабета испрати „најтопли“ желби на новата република Барбадос

Британската кралица Елизабета Втора ѝ испрати на новата република Барбадос „најтопли, добри желби за среќа, мир и просперитет во иднината“ додека карипскиот остров го слави својот „посебен ден“.

Во пораката до новата претседателка Сандра Мејсон и до граѓаните на Барбадос, кралицата ја пофали „нацијата која има посебно место“ во нејзиното срце, „нејзината живописна култура, спортската сила и природната убавина“.

Барбадос стана република на свеченоста на која присуствуваа водечктие личности на оваа земја во Карибите, меѓу кои и премиерката Миа Мтели и пејачката ѕвезда Ријана. Принцот од Велс одржа говор во кој ги истакна трајните врсти меѓу Барбадос и Обединетото Кралство.

Кралицата Елизабета Втора ѝ честиташе на Сандра Прунела Мејсон која стана првата претседателка на Барбадос.

„Првпат ја посетив вашата прекрасна земја во пресрет на независноста на почетокот од 1966 година и исклучително ми е мило што мојот син денеска е со вас“, се наведува во пораката на британската кралица.

„Оттогаш народот на Барбадос има посебно место во мојот живот, тоа е земјата коај со право се гордее со својата култура, спортстака сила и својота природна убавија која ги привлекува посетителите од целиот свет, меѓу кои се многумина од Обединетото Кралство“, се додава во пораката од британскито монарх.

Кралицата додава дека двете земји со години се партнери врз основа на заедничките вредности, блиската соработка по разни прашања, вклучително и неодамнешното дејстввуање во борбата против климатските промени.

„Ми причинува големо задоволство што Барбадост останува активен учесник во Комонвелтот и се радувам на продолжувањето на пријателството на нашите земји и народи. Додека го славите овој посебен ден, ви ги испраќам и на сите на Барбадос моите најтопли желби за ваша среќа, мир и просперитет во иднина“, додава британската кралица.

Британската кралица Елизабета Втора беше поглавар на Барбадос од независноста на островската земја во 1966 година. Кралицата останува челник на уште 15 држави, а до земјите во карипскиот регион ѝ остануваат уште Антигва и Барбуда, Бахами, Белизе, Гренада, Јамајка, Свети Кристофор и Невис, Светс Луција и Свети Винсент.

Со години на национално ниво се дискутираше за независноста на Барбадос и прогласувањето република, пред премиерката Мија Мотли минатата 2020 година не го повлече историскиот потег. Почетокот на новата ера ја поттикна расправата меѓу населението кое го сочинуваат 285.000 луѓе за повеќевековното британско влијание, вклучително и повеќе од 200 години ропство до 1834 година. Конечната независност Барбадос ја стекна во 1966 година.

Во октомври Барбадос ја избра Сандра Мејсон за своја прва претседателка, една година откако премиерката Миа Мотли изјави дека земјата „целосно“ ќе го напушти своето колонијално минато. Крајот на владеењето на кралицата некои го гледат како неопходен чекор кон добивањето отштета за решавањето на историските последици од користењето на робовите доведени од Африка за работа на плантажите со шеќерна трска.

Меѓутоа, некои во земјата тврдат дека постојат итни национални проблеми, вклучително и економските превираања предизвикани од пандемијата на Covid-19, која предупреди на претераното потпирање на туризнмот, а кој речиси целосно зависи од британските посетители на Бабардос.