Принцот Хари и Меган открија како ќе се вика нивниот син кој денеска им го покажаа на светот.
Војводата и војвотката од Сасекс со задоволство денеска го објавија името на своето прво дете, тоа ќе се вика Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор.
Официјалната информација денеска осамна на социјалните мрежи на официјалното кралско семејство.
При соопштувањето на името тие споделија и фотографија од малото бебе во друштво на неговите мајка и татко, кралицата Елизабета Втора, принцот Филип, како и мајката на Меган.