Красиќ го засили Работнички

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички се засили со босанскиот ветеран Бариша Красиќ.

Триесет и шестгодишниот Красиќ игра на центарската позиција, а во редовите на тимот од Градски Парк доаѓа од кипарскиот тим Ета, каде настапуваше како позајмен играч. Лани тој настапуваше за Задар, а во својата богата кариера ги бранеше боите на Цедевита, Цибона, германскиот Артланддрагонс и грчките тимови Икарос и Панатенаикос.

„Се договоривме со Красиќи тој ќе треба да ни помогне во предизвците што ќе следат во преостантиот дел од сезоната Со буџетот што го имавме купивме квалитетен играчкој може да се вклопи во колективот и би требало да добиеме на квалитет”, изјави тренерот Емил Рајковиќ.

Работнички минатата недела потпиеша договор и со Раде Џамбиќ, којќе биде нов плејмејкер во екипата по заминувае на Мбемба.