Краткиот филм на Марија Апчевска „Северен пол“ номиниран за „Златна палма“ во Кан

Краткиот филм „Северен пол“ на македонската режисерка Марија Апчевска – Петровска е номиниран за „Златна палма“ на Фестивалот во Кан.

„Северен пол“ меѓу десетте селектирани од вкупно 3.739 прегледани краткометражни филмови од страна на комитетот. Финалните 10 се во трка за освојување на престижната награда за краток филм. Победникот ќе биде објавен на свеченото затварање на фестивалот на 17 јули.

Филмот е приказна за 16-годишна девојка која се обидува да пронајде каде припаѓа. Проектот беше еден од двата наградени филмови на програмата European Short Pitch – Nisi Masa, 2019. Главните улоги ги играат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Филмот се снимаше во Скопје и Македонска Каменица.

Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, а тон снимател Игор Поповски.

Филмот се снимаше на 16 mm филмска лента и е копродукција помеѓу Македонија и Србија. Продуцент е Роберт Насков од Кино око, а копродуценти Милош Љубомировиќ и Горан Тодориќ. Филмот е финансиски подржан од Агенцијата за филм и Српскиот филмски центар.