Евра, златен накит, ловни пушки и компјутер, вредни над 1,8 милиони денари украл арамија од куќа во Ѓорче Петров.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи во петокот арамија ја испразнил куќата на 46-годишниот М.М. на улицата 4-ти Јули во скопската општина Ѓорче Петров.
Арамијата влегол преку отворен прозорец и откако ги пребарал собите украл 10.000 евра, разновиден златен накит, две ловни пушки, пумпарица, пиштол и лап топ.
Со пленот вреден околу 1.845.000 денари тој избегал во непознат правец.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот.