Во петокот во СВР Битола – Полициско одделение Новаци бил извршен службен разговор со М.К. и С.А., и двајцата на 19 години, и 21-годишниот Д.К., сите од Битола, информира МВР.
Како што велат од полицијата, тие се сомничат дека на 13.10.2022 околу 21.00 часот на место викано „Балдовенци“, во кругот на РЕК-Битола, одзеле делови од работни машини и други предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.