Арамија насилно ја отворил вратата и извршил тешка кражба во викендичка.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 15 до 18 декември арамија провалил во викендичката на 49-годишниот Г.М. во местото викано „Лозје Рупа“ во скопското село Добридол.
Откако насилно ја отворил влезната врата, арамијата ги пребал собите, па украл 2.800 евра, поголема количина златен накит и лични документи со што направил штета од над 5.000 евра.
Со богатиот плен тој избегал без трага, но полицијата работи на расчистување на случајот.