Младите креативци ги покажаа своите потенцијали. На отворениот повик за изработка на дизајн за амбалажата на Слатко со идентитет, во потесна конкуренција влегоа 26 креативни решенија.
Овие 26 решенија ги содржат сите елементи што беа пропишани во условите за учество на отворениот повик кој траеше од 18 јули до 1 септември годинава. Согласно критериумите на јавниот повик се бараше изработка на предлог дизајн за амбалажата за слатко од седум видови на овошје од асортиманот на „Јоми фуд“,ексклузивно пакување и промотивен постер.
Пристигнатите решенија ќе ги разгледа жири комисија составена од претставници на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – “Браво Сине!“ и Skopje Design Week (SDW) под шифрираниот редослед.
Во финалната фаза на избор ќе биде вклучен и претставник на производителот.
Победничкото решение ќе биде јавно соопштеново втората половина на септември, а дел од креативните решенија што влегоа во потесен избор ќе бидат изложени на овогодинешното издание на Skopje Design Week