Ако Русија не ја започнеше специјалната операција во Украина, буквално следниот ден НАТО ќе започнеше своја операција со посредство на украинските националисти, изјави денес претседателот на Државната дума на Русија, Вјечеслав Володин.
Тој за руската телвизија Русија24 додаде дека акцијата би ја воделе неонацистичките паравојски во Украина.
Како што пренесува Спутник, Володин смета дека со акцијата на Русија се спасени стотина илјади жители и дека на Русија не и бил оставен избор освен да реагира.
„Видете само колку оружје добива Украина од НАТО. Да не ја започневме специјалнта мировна операција тоа ќе имаше трагични последици за сите“, вели Володин.
Според него и санкциите нема да и наштетат на Русија со тоа што наместо посакуваните мерки на Западот од санкциите Русија ќе излезе посилна и економски понезависна од претходно.