5.8 C
Skopje
четврток, ноември 14, 2024

Кремљ: Киев нема волја за преговори

Изјавата на претседателот на Украина Володимир Зеленски дека нема да има „Минск-3“ ја потврдува позицијата на Киев дека не сака да преговара, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

На новинарско прашање дали овие зборови на Зеленски го потврдуваат ставот дека нема да има преговори со Руската Федерација, Песков кратко одговори: „Апсолутно потврдуваат“.

Претходно, во видео обраќање до лидерите на Г20 на Бали, Зеленски рече дека Русија мора да ги повлече сите свои војници од територијата на Украина и дека не може да има територијални отстапки од страна на Киев.

„Очигледно е дека не може да им се верува на зборовите на Русија и нема да има никаков Минск-3, што Русија ќе го прекрши веднаш по заклучокот“, рече Зеленски.

Германија и Франција, заедно со Русија и претставници на Украина посредуваа за двата договори од Минск, потпишани во 2014 и 2015 година, за прекин на огнот во источна Украина меѓу Киев и проруските сепаратисти, кои се побунија откако по превратот во Киев во март 2014-та беа укинати нивните права на користење на рускиот јазик, забранета дотогаш владејчката Партија на регионите и сменети нивните избрани гувернери.

Со договорите, двата доминантно руски и рускојазични региона Доњецк и Луганс требаше да добијат широка автономија во составот на Украина, чија војска требаше да ја контролира државната граница. Меѓутоа, властите во Киев изминатите осум години не сторија ништо во поглед на уставните измени потребни за остварување на договорите од Минск, дури претходниот и актуелниот претсеедател Петро Порошенко и Владимир Зеленски изјавуваа дека немаат намера да ги спроведат.

На 24-ти февруари годинава рускиот претседател Владимир Путин нареди инвазија во споменатите украински региони, појаснивајќи дека Москва поседува веродостојни сознанија дека Киев планира во првата седмица од март, со своите зголемени трупи во регионот воено да го реше тоа прашање со протерување и геноцид вр тамошното руско население.