Москва во средата порача дека планот на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ја присили Русија на мир е „фатална грешка“ за која Киев ќе ги трпи последиците.
Зеленски во вторникот пред Советот за безбедност на Обединетите нации изјави дека војната меѓу Русија и Украина не може да се запре само со преговори, туку дека Москва мора да биде присилен да се согласи на мир.
Зеленски во вторникот ноќта пред Советот за безбедност на Обединетите нации изјави дека неговата земја ќе излезе како победник и целосно ќе ги одбие руските напаѓачи.
„Еден ден во оваа сала сигурно ќе се каже дека војната на Русија против Украина е завршена… И тоа ќе се случи не само затоа што некој се заморил од војна, не затоа што некој разменил нешто со (рускиот претседател Владимир) Путин. Војната на Русија против Украина ќе заврши затоа што Повелбата на Обединетите нации ќе функционира. Тоа мора да функционира. Нашето украинско право на самоодбрана ќе надвладее“, рече Зеленски.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на редовниот брифинг со акредиираните новинари рече дека „Таквиот став е фатална грешка, системска грешка. Тоа е длабока заблуда која неизбежно ќе има последици за режимот во Киев“.
Песков нагласи дека Русија сака мир, но дека ова прашање не може да се реши со сила.
„Позицијата заснована на обид да се присили Русија да постигне мир е апсолутно фатална грешка, бидејќи е невозможно да се присили Русија да постигне мир“, додаде портпаролот на рускиот претседател, иако нагласи дека Русија е „поддржувач на мирот“ но дека ѝ се потребни гаранции. за тоа.
Москва неколку месеци пред почетокот на нејзината инвазија во Украина, на почетокот од декември 2021 година, испрати безбедносен нацрт-оговор во десетина точки до САД и НАТО за постигнување безбедносен договор со кој ќе се гарантира безбедноста на Русија, но Вашингтон и Брисел експресно го отфрлија без воопшто и да го коментираат.
Рускиот претседател Владимир Путин во јуни повтори дека Русија ќе стави крај на војната во Украина само доколку Киев се откаже од своите аспирации за членство во НАТО и целосно ги предаде четирите покраини со руско мнозинство на кои Москва полага право, што Киев брзо ги отфрли како услови еднакви на предавање.
Станува збор за руската анексија на четири украински региони, по референдумите на тамошното мнозинско руско и рускојазично население кои меѓународната заедница не ги признава, иако ниту еден од нив не е целосно под контрола на руската војска. Тоа го подразбира и прашањето на црноморскиот полуостров Крим, каде руско население во огромно мнозинство по превратот во Киев во март 2014 година одржа два референдума со кое ја врати укинатата во раните 1990-ти автономија и приклучување на Руската Федерација од чија територија е префрлена во Советска Украина во 1953 година со указ на тогашниот советски челник Никита Хрушчов, со украинско потекло.
Украина и нејзините западни сојузници тврдат дека „победата на Путин“ во војната треба да биде спречена, бидејќи околку не бил запрен ќе им се заканел на другите земји од соседството. Путин ја прикажува војната како егзистенцијална борба за Русија и ги отфрли западните тврдења дека е заинтересиран за проширување на конфликтот во други земји.