Кремљ: Обидот за атентат врз Трамп е резултат од „играњето со оган“

Кремљ во понеделникот соопшти дека врската меѓу Украина и осомничениот напаѓач во обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп покажува дека „играњето со оган“ има последици.

Запрашан за тоа што американското Федерално биро за истраги (FBI) го квалификуваше инцидентот како обид за атентат врз републиканецот Трамп, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече:

„Не треба да мислиме ние, туку американските разузнавачки служби. Во секој случај, играњето со оган има последици“.

Коментарот се однесуваше на поддршката на САД за Украина во војната против Русија.

Низа американски медиуми, како телевизиите CNN и Fox News и весниците The New Yor Times и The Wall Street Journal, го идентификуваа осомничениот како 58-годишниот Рајан Весли Рут од Хаваи, повикувајќи се на неименувани службеници за спроведување на законот.

Три профили на социјалните мрежи со името на Рут сугерираат дека тој бил жесток поддржувач на Украина во нејзината војна против Русија. Регрутирал странски борци за украинските вооружени сили и се залагал за организирање на ветераните од американската војна во Авганистан да се приклучан на силите на Киев.

The New York Times објави дека го интервјуирал Рот во 2023 година за напис за Американците кои доброволно се пријавиле да им помогнат на украинските воени напори. Рут тогап за NYT изјавил дека отпатувал во Украина и таму поминал неколку месеци во 2022 година и дека се обидувал да регрутира и војнции од соборената влада на Авганистан кои избегале од талибаните за да се борат во Украина.

Во понеделникот, украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди обидот за атентат врз републиканскиот претседателски кандидат Трамп и рече дека политичкото насилство е секогаш неприфатливо.

„Мило ми е што слушнав дека Доналд Трамп е безбеден и неповреден. (Ги испраќам) моите најдобри желби до него и неговото семејство“, рече Зеленски на социјалната платформа X.