Кремљ порача дека налогот за апсење на Путин е непријателство, децата се поврзуваат со роднините

Одлуката на Меѓународниот кривичен суд во Хаг да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин е уште еден знак за „јасно непријателство“ кон Русија и лично кон нејзиниот претседател, повтори во понеделникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков на редовниот брифинг со новинарите.

Песков притоа на новинарите им порача дека Русија реагира „смирено“ и дека „продолжува да си ја работи работата“.

„Сведоци сме на толкав број очигледни непријателски истапи против нашата земја и нашиот претседател… Ги забележуваме, но кога секоја би ја земале при срце, ништо добро не би произлегло. Затоа мирно гледаме на тоа, сѐ внимателно бележиме и продолжуваме да раб оти ме“, одговори Песков.

Ефектот од потегот на Трибуналот во Хаг да издаде налог за апсење на Путин и за руската комесарка за првата на децата, поради наводно „масовно грабнување деца од Украина“ останува нејасен.

Русија не е веќе странка на Римскиот статус со кој е основан судот во Хаг, што значи дека налогот нема правна сила на руска територија. Како и на териториите на САД, кои имаат закон кој е насочен против Трибуналот доколку се поведе постапка за американски државјанин, и на самата Украина коишто, исто така, не се потписнички на договорот. Но таквиот налог може да го спречи патувањето на Путин во некоја од 123-те земји потписнички на Римскиот статус.

Русија не негира дека извлекла илјадници деца од зоните во кои се водат воените дејствија со цел да ги заштити, потсетувајќи дека само во градот Доњецк по почетокот на граѓанската војна по превратот во Киев во 2014 година од украинските ракетирања загинале над 500 деца.

Истовремено во понеделникот руската комесарка за правата на децата Марија Лвова-Белова, за којашто исто така Хашкиот трибунал издаде налог за апсење на децата за руската државна телевизија појасни како дејствува извлекувањето на децата и посочи дека само во моментот петнаесетина деца кои се евакуирани од украинските региони се поврзани со нивните семејства во Украина.

„Во моментов имаме 380 деца во 19 региони на нашата земја. Тоа се деца кои долго време беа во социјални установи. Ниедно од нив не било одвоено од родителите, тоа е прво. А второ: доколку ние дознаеме, доколку се најдат законски старатели, веднаш ќе направиме сѐ да ги обединиме овие семејства. Денеска имаме 15 деца од осум семејства кои ги поврзавме со роднини во Украина“, изјави детската правобранителка на Руската Федерација.

Истакна дека Русија е подготвена да работи на сите претставки и барања за фактите за одвојување на децата од роднините, но нагласи дека досега не примиле ниедно официјално барање. Лвова-Белова посочи и дека руските власти се отворени за решавање на сите проблеми од ова прашање, доколку некој има сериозна и искрена намера за тоа.

„За нас приоритет е крвната роднинска врска, претседателот (Путин) веќе го кажа тоа. Навредливо е тоа што за таа тема, пред налогот за апсење, беше разговарано со претседателот кој рече дека доколку има случаи кога е неопходно соединување на семејството, кога постојат вистински роднини, тоа мора да се стори“, заклучи Лвова-Белова.