Кремљ: Референдум во Украина за мировните услови ќе им наштети на преговорите

Намерата на Киев да ги постави условите за мировен договор на референдум, според Русија, тоа  само ќе им наштети на тековните разговори.

„Убедени сме дека ставањето на договорите пред јавноста во овој момент може само да ги поткопа преговорите кои веќе одат многу побавно и се помалку суштински отколку што сакаме да бидат“, рече во вторникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно посочи дека мировните договори од „историска“ важност може да бидат тема на референдум.

„Народот ќе мора да одговори на одредени компромиси“, им рече тој на новинарите во понеделникот, додавајќи дека деталите сè уште зависат од разговорите со Москва.

Русите и Украинците одржаа неколку рунди разговори во Белорусија, а подоцна се префрлија на разговори преку видео врска.