Кремљ: Заканите на Лондон со санкции се напад врз рускиот бизнис и ќе повлечат соодветни мерки

Заканите од Лондон за воведување нови сакнции против руски компании и деловни луѓе наводно поврзани со рускиот претседател Владимир Путин претставуваат напад и таквите потези ќе предизвикаат реципрочни мерки и штети за британските компании, предупреди во понеделникот Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ.

Велика Британија ќе ги санкционира сите деловнни и интереси и лица „најтесно поврзани“ со рускиот претседател Владимир Путин, доколку Русија започне каква и да е акција против Украина, изјави во понеделникот државниот секретар во министерството за финансии Сајмон Клерк.

„Јасно велиме дека доколку Русија презема акција против Украина, тогаш дополнително ќе ги заостриме санкциите целејќи ги дековните кругови и луѓето кои се најблиску поврзани со Кремљ“, рекеч Кларк за Sky News.

Ден претходно британската министека за надворешни работи Лиз Трас истакна дека не ја исклучува можноста за конфискација на имотот на руски „олигарси“ во Лондон како заострување на санкциите против Русија доколку се влоши ситауцијата околу Украина. Таквиот предлог во форма на закон треба да биде претставен во Лондон подоцна во понеделникот.

Имено, од 1991 година со распаѓањето на Советскиот сојуз, Лондон или како што често го нарекуваат и „Лондонград“, стана глобален центар за прилив на огромни суми од поранешните

Портпаролот на Кремљ возврати дека оваа закана претставува напад врз руските компании, дека ја подрива британската инвестициска клима и ги зголемува тензиите во Европа. Русија на секоја слична акција ќе одговори на начин кој ќе се темели на нејзините интереси, порача Песков на брифингот за новинарите.

„ Ова се многу вознемирувачки изјави од Лондон. Мислам дека се аларамантни не само за нас, за нашите компании“, рече Песков.

Сепак, рече гласноговорникот на рускиот претседател, ваквите изјави се слушаат исклучително ретко.

„Во овој случај станува збор за нескриен напад врз бизнисот. Да не заборавеим дека многу руски компании, како стратешки партнери и соинвеститори, акционери имаат и големи британски компании, па фактички британската влада, меѓу другото, му се заканува и на својот голем бизнис“, порача Песков.

Според портпаролот на Кремљ, Лондон со тоа се стреми да ја влоши ситуацијата во Европа.

„Се разбира, сега ние Европејците имаме за што да размислуваме, кога една земја која е надвор од нашиот континент ја зголемува тензијата кај нас дома. Тоа не е вистина. Додека ние Европејците не сфатиме дека тоа ни штети на сите, мислам дека тешко ќе а поправиме ситауцијата“, додаде Песков.

Истакна дека доколку бидат усвоени санкциите најавени од министерката Трас, Кремљ ќе биде присилен да одговори.

„Нападот на Лондон врз рускиот бизнис подразбира и реципрочни мерки, тие ќе бидат формулирани врз основа на сопствените интересо на Русија, доколку биде потребно“, рече Песков.

Весникот Times претходно објави дека Лондон како дела од новиот пакет санкции има бамера да ги замрзне средствата на руски компании „поврзани“ со Кремљ, како и да забранат патувањата на некои руски бизнисмени. Според оцените на весникот, тие мерки ќе влијаат на физички и правни лица кои се од „стратешко значење“ за Москва.

Британија од избувнувањето на украинскиот конфликт во 2014 година воведе санкции за 180 лица и 48 ентитети. На листата на санкционираните се шест лица за кои Лондон тврди дека се „блиски“ на Путин, а станува збор за бизнисмените Јуриј Ковалчук, Аркадиј Ретенберг и Николај Шамалов, поранешниот офицер на поранешниот КГБ, Сергеј Чемезов, секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Петрушев и челникот на разунавачката Федерална служба за безбедност (ФСБ), Александар Бортников. Според санкциите, Британија може да замрзне капитали на поединци и да им забрани влез во земајта.

Покрај тоа, му се забранува на секој поединец да работи со преносливи хартии од вреднот или инструмент на пазарот на пари по 2014 година со рок на доспевање над 30 дена кои ги издале руските банки „Сбербанк“, ВТБ банка, „Газпромбанк“, „Вешекономбанк“ (БЕБ), „Роселкоозбанк“, и компанитие ОПК Оборнпром, „United Aircraft Corporation“, „Уралвагонзавод“, „Роснеф“, „Транснефт“ или „Газпром Нефт“.