Кремљ го осудува американското мешења во изборот на челникот на Интерпол

Официјален Кремљ во вторникот го осуди мешањето и притисокот во изборот на новиот претседател на Интерпол, предвиден за оваа седмица, особено по писмата на американските сентари кои реагираат на информациите дека руски полициски генерал е еден од фаворитите за оваа должност.

„Тоа претставува своевидно мешање во процесот на изборот, во избор во меѓународна организација. Како поинако да се оцени? Тоа е очигледна манифестација“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Претходно четворица американски сенатори ги повикаа администрацијата на претседателот Доналд Трамп и генералното собрание на Интерпол да се изјаснат против и да ја отфрлат кандидатурата на генерал-мајорот во рускот министерство за внатрешни работи, 56-годишниот Александр Прокопчук, кој се смета за еден од главните фаворити за челник на меѓународната криминалистичка полиција.

Според британскиот дневен весник The Times, во написот од неделата, „британските функционери очекуваат дека Александр Прокопчук, ветерен на руското министерство за внатрешни работи, да биде избран за претседател на Интерпол“.

На оваа информација веднаш реагираа и критичарите на Кремљ, особено британскиот инвеститор Вилијам Броудер, кој го водеше британскиот инвестициски фонд „Hermitage Capital Management“ и беше протеран до Русија поради избегнување да плаќа даноци во износ од 130 милиони евра, како и од американските сенатори.

Собрани на генералното собрание од неделата во Дубари, престолнината на Обединетите Арапски Емирати, делегатите на Интерпол треба во среда да го изберат наследникот на досегашниот кинески челник, кој исчезна на почетокот од октомври, кога беше објавено дека Менг Хонгвеј е уапсен во татковината под обвинување за корпуција.

Има двајца кандидати за доврпшување на четиригодишниот мандат кој Менг требаше да го доврши во 2020 година, сегашниот привремен шеф на Интерпол, Јужнокореецот Ким Џонг-јанг и поранешниот висок руски функционер Александр Прокопчук.